Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Зголемен притисок во болниците од новиот ковид бран

Новиот бран на инфекции предизвикани од делта сојот на коронавирусот ги преоптовари болниците во Тетово и Гостивар, Кичево и делумно во Струга, изјави министерто за здравство Венко Филипче посочувајќи дека за сите пациенти има доволен болнички капацитет, а дека директорите на тетовската и гостиварсакта болница се во постојана комуникација и дека секој пациент на кој му е потребно болничко место по претходна најава се праќа во Скопје.


„Тука е целосно исполнета инфективната клиника, заедно со модуларната. Над 130 пациенти се веќе хоспитализирани, Институтот за туберкулоза и од денеска почнува да работи и болницата за рехабилитација во Козле, каде што има 120 кревети снабдени со централен довод на кислород, изјави Филипче.



СЦ „Борис Трајковски“ повторно ќе биде отворен за вакцинација


Тој посочи дека на секој пациент му се пружа максимална грижа, но посочи дека и многу пациенти доаѓаат касно, каков што бил примерот од изминатите неколку денови кога имало случаи со 40-50 проценти сатурација на крвта.


Во изминатиов период од почетокот на август, расте бројот на заразени со коронавирусот, а последниве денови има над 1.000 инфекции дневно и висок број на починати лица. Само во имзинатото деноноќие имаше 24 починати. 


„Нешто под осум проценти од сите починати се вакцинирани и тука зборуваме за целосно вакцинирани. Меѓутоа, тоа се луѓе кои и се постари и имаат навистина сериозни комордбилитети, изјави Филипче.



Нови 1.074 заразени со ковид и 24 починати


Тој на новинарско прашање изјави дека смртноста не се должи на фактот што матичните лекари немаат јасно дефинирани протоколи за лекување: „ матичните лекари имаат протоколи и јасно е кои пациенти треба да се лекуваат во домашни услови и кои во болнички“, вели Филипче.


Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 166.741, бројката на оздравени пациенти е 151.692, на починати е 5.632, а бројот на активни случаи изнесува 9.417.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus