Владата на Малезија предводена од премиерот Мухидин Јасин достави оставка до кралот, изјави денеска министерот за наука Каири Џамалудин кој веста ја објавуви на Инстаграм.
Премиерот Мухидин Јасин беше виден како влегува во Националната палата, по извештаите дека ќе поднесе оставка до кралот.
Според Ројтерс, Јасин во договор со кралот се согласил да остане на функцијата додека не се формира нова влада.
Малезиската влада е во повеќемесечна криза предизвикана од партиските разлики во владејачката коалиција.
Јасин е на функција 17 месеци и оваа оставка ги попречува напорите на Малезија да ја рестартира економијата погодена од пандемијата и да го спречи зголемувањето на случаите на Ковид-19, бидејќи нема очигледен наследник.
Малезиската валута претходно падна на најниско ниво за една година, додека берзата исто така забележа пад.
Азија погодена од висок број заразени, Германија воведува ковид - пас
Не е познато кој би можел да формира нова влада, имајќи предвид дека никој нема јасно мнозинство во Парламентот, или пак дали може изборите да се одржат за време на пандемијата.
Одлуката ќе биде на кралот Ал-Султан Абдула, кој може да назначи премиер од редот на пратениците кога ќе процени дека може да се обезбеди мнозинство.
Коронавирусот силно ја погоди Малезија, каде што речиси 1,5 милиони луѓе се заразени од почетокот на епидемијата, а повеќе од 8.000 починаа.