Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи соопшти дека е позитивна на Ковид-19. Таа посочува дека имала малку зголемемена телесна температура и болки во коските по што одлучила да се тестира.
„Вчера по некои мали здравствени проблеми, бев тестирана и позитивна на Ковид-19. Почитувајќи ги здравствените протоколи, следните денови ќе останам во самоизолација примајќи ја потребната терапија“, напиша Арифи на Фејсбук.
Таа додава дека вакцинирана со две дози.
„Иако пред повеќе од месец и половина ја примив втората доза од вакцината, вирусот се уште е меѓу нас и може да биде инфициран секој. Благодарение на вакцинацијата досега имам само благи симптоми, затоа ги охрабрувам сите граѓани да се вакцинираат што е можно поскоро. Останете внимателни и одговорни, заштитете се себе, семејството и другите околу вас“, напиша Арифи.
Филипче: За граѓаните до 45 дена по прележан ковид не важат новите мерки
Од Општина Тетово информираа дека соработниците од кабинетот на Арифи се тестирале за Ковид-19 и меѓу нив нема заразени.