Сегашниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко од редовите на ДУИ ќе се натпреварува за уште еден мандат, соопшти денеска вицепремиерот Артан Груби на панел-дискусија за 20 години од Охридскиот рамковен договор, Одлуката ја соопшти првиот вицепремиер од редовите на ДУИ, Артан Груби, за време на панел-дискусија организирана од Општина Струга. Груби вели дека Мерко ќе биде кандидат на ДУИ за уште еден мандат оти се убедени дека со него ќе победат и ќе продолжи, како што вели, успешното менаџирање со Општината. Тоа го бараат и граѓаните вели вицепремиерот. Груби вели дека Мерко заслужил уште еден мандат оти немало улица и булевар во градот што не се градат.
Мерко досега неколкупати во јавноста беше мета на критички со непостапувањето со дивоградбите, сечењето на трската во Охридско Езеро, набавка на автомобил за општината во време кога таа е во долгови, заради неговото недолично однесување со новинари на прес-конференции.
Заев - Се изгоревме со поддршката на некои кандидати на ДУИ
Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети најавија соработка за локалните избори, но засега нема детали каква ќе биде поддршката што ќе си ја дадат. Премерот Заев во интервју за РСЕ пред една година рече дека во 2017 се „изгореле“ со поддршката на некои кандидати на ДУИ и тогаш го посочи Мерко.