Од понеделник граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат и да примат вакцина против ковид на вакцинален пункт, може да закажат вакцинирање во домашни услови, соопшти Министерството за здравство.
Граѓаните треба да се јават во здравствените домови во нивните градови или општини и да закажат вакцинирање со домашна посета.
Илузорно е да се очекува 80 отсто од населението да се вакцинира
Вакцинацијата во државата се врши во Здравствените домови каде има пунктови за вакцинација, ревакцинацијата се одвива во спортски сали во поголемите градови, а има и теренска вакцинација по руралните средини.