Власта предлага измени на законот за медицински канабис, опозицијата најави блокирање на целото Собрание ако се донесе таков закон, сомневајќи се во можности за криминал. Производителите на канабис сметаат дека ако се развие правилно економски оваа индустрија, Македонија може да живее само од оваа гранка. Претседателот на здружението „Макканабис“ Костадин Дуковски во интервју за РСЕ вели дека се надева оти опозицијата ќе го смени ставот и дека изборот на кадри во Агенцијата ќе биде според критериуми.