Невработеноста во Велика Британија опаѓа со реотворањето на економијата погодена од Ковид во земјата. Според последните статистички податоци стапката на невработеност се спушти на 4,8 проценти, што е прво намалување во изминативе три месеци, се вели во соопштението на Заводот за национална статистика. Невработеноста и натаму останува повисока за 0,9 процентни поени од нивото на кое беше пред пандемијата.
„Како што се приближуваме до последните фази на повторно отворање на економијата, со нетрпение очекувам да видам повеќе луѓе на работа и економијата да продолжи да се враќа во нормалниот тек“, изјави британскиот министер за финансии Риши Сунак.
Наскоро укинување на карантинот за вакцинираните Британци кои се враќаат од летување
Сепак, сектори како угостителство се соочија со тешкотии при вработување на персонал, а делумно причина за тоа беше и влијанието на Брегзит од почетокот на годината, јавува новинската агенција Франс прес.
„Пазарот на трудот продолжува да се опоравува, со тоа што бројот на вработени на платен список повторно се зголеми минатиов месец. Сепак бројот на слободни работни места продолжи да расте “, изјави директорот за економска статистика на Дарен Морган.
Економијата во Велика Британија се очекува целосно да се отвори во понеделник со укинување на мерките за ограничување поради пандемија.