Во земјава денеска е пристигнат „најсовремен метод“ за терапија за пациенти заболени од Ковид-19, односно моноколонална коктел терапија со антитела од лековите „Casirivimab и Imdevimab“ одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА), соопшти Министерството за здравство.
Од институцијата наведуваат дека по бројни преговори успеале да се приклучат кон заеднички договор за рамковна спогодба на кој ексклузивно право на терпијата имаат земјите членки на ЕУ.
„Рамковната Спогодба со производителот „Hoffman-La Roche, Ltd (Roche)“ – Швајцарија, ја склучија 19 земји – членки на ЕУ, нашата држава и Норвешка“, се вели во соопштението.
Започнува вакцинација на деца и млади од 12 до 18 години
Од Министерството за здравство додаваат дека договорот е направен во рамки на проектот за итно справување со ковид кризата, реализиран од страна на Светска банка и дека за набавката се обезбедени се средства.
„Со оваа терапија во моментов не прави единствена земја на Западен Балкан за чии граѓани е достапен овој лек. Терапијата се набавува за потребите на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и ќе се аплицира кај не-хоспитализирани пациенти кои се лекуваат од Ковид-19“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.
Со ова здравствените власти очекуваат да се намали потребата од хоспитализација на пациенти.