Бројот на загинати од срушена станбена висококатница во близина на Мајами се искачи на 97 лица, соопштија властите.
Од 97-те жртви, идентификувани се 90, соопшти денеска на Твитер градоначалничката на округот Мајами-Дејд, Даниела Левин Кава.
„Вкупниот број на потврдени смртни случаи сега е 97 - зачудувачка и срцепарателна загуба на животи. Идентификувани се 90, а известени се 88 семејства“, рече таа.
Продолжува спасувачката акција во урнатата зграда во Мајами
Осум лица сè уште се водат како исчезнати, бидејќи тимовите продолжуваат да ги отстрануваат урнатините и остатоците од уривањето на зградата „Сурфајд“.
Зградата од 12 ката во Флорида делумно се сруши на 24 јуни, што доведе до повеќедневни операции за пребарување и спасување за да се пронајдат преживеани.
Никој не е извлечен жив од урнатините уште од првите часови на трагедијата.