Европската унија „никогаш, никогаш“ нема да прифати договор на две држави за етнички поделен Кипар, Ова го изјави претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, кој беше во посета на Кипар, јавува новинската агенција Ројтерс. Таа по посетата изјави дека Европската унија зборува со еден глас за конфликтот, кој се одолговлекува со децении и е клучна пречка во амбициите на Турција за влез во блокот.
„Сакам да повторам дека никогаш, никогаш нема да прифатиме решение на две држави. Ние сме цврсти на тоа и сме многу обединети“, изјави таа на прес-конференција.
Кипар беше поделен по турска инвазија во 1974 година, која настана по краткиот грчки пуч. Со јужниот дел на островот управува меѓународно призната влада која го претставува целиот остров во Европската унија, додека северот е под владение на кипарските Турци, и како засебна држава се признаени само од Анкара.
Турција незадоволна од исходот на Самитот на ЕУ
Парламентарни избори на Кипар, голем скок на екстремната десница
Разговорите во Женева на почетокот на годинава по ова прашање завршија неуспешно.