Откриени се два нови случаи на заразени со делта сојот на ковид-19 во Тетово. Двете лица се без симптоми и од исто семејство од Тетово, информираат денеска од тетовскиот Центар за јавно здравје. Освен што немаат никакви симптоми од болеста, карактеристично е што кај нив случајно е откриено присуство на коронавирусот кој е од најновиот делта сој.
„Двете лица се од исто семејство и правеле ПЦР тест за да се вратат во Германија каде што работат и живеат. При тоа е откриено дека имаат Ковид-19 и дека е од делта сој. Двајцата се асимптоматски случаи и е постапено според соодветната процедура, ставени се во домашна изолација. Контактите, другите членови од семејствтото што се кажани се исто дома во изолација и сите се следат секојдневно“, изјави епидемиологот во Центарот, д-р Сузана Субашиќ.
Вкупно десет потврдени случаи на делта сој
МЗ: Граѓаните масовно да се вакцинираат, сите вакцини се безбедни
Во Тетово има 24 активни случаи на болни со Ковид-19, а во Клиничка болница нема луѓе кои се на болничко лекување.