Европската унија им нареди на четири поголеми германски производители на автомобили да платат казна од една милијарда долари поради нивните обиди да влијаат врз напорите за ограничување на емисиите на возила. Европската комисија соопшти дека Дајмлер, БМВ, Ауди и Порше избегнале подобрување на својата технологија со која може да го ограничат загадувањето на воздухот од бензинските и дизел моторите.
Подигнато обвинение против поранешниот директор на „Фолксваген“
Ова е првпат европските власти да казнат компании поради вакво обвинување. Еврокомесарката задолжена за конкуренција и антимонопол политики Маргарет Вестагер рече дека компаниите можеле да ги намалат штетните емисии надвор од законските граници, но наместо тоа, тие соработувале за да избегнат такви намалувања.
Дајмлер, наводно, не добил парична казна бидејќи на регулаторите им го открил постоењето на ваквиот картел.
Овој случај не е поврзан со откритијата на таканаречениот „дизелгејт“ откако во 2015 година беше откриено дека Фолксваген користел софтвер кој се користел исклучиво за време на тестовите за контрола на емисијата, со цел да помогне во продажба на милиони свои автомобили ширум светот.