Полицијата на Хаити соопшти дека убила седум и уапсила шестмина осомничени за убиството на претседателот на државата Жованел Моиза. Во тек е потрага за останатите одговорни за вчерашниот напад врз резиденцијата на претседателот, кога Моиз беше убиен, а неговата жена Мартин тешко ранета.
Убиен претседателот на Хаити
Најмалку двајца осомничени биле уапсени од гневните граѓани на Порт-о-Пренс, кои ги предале на полицијата.
Толпата потоа запалила неколку напуштени автомобили со дупки од куршуми за кои веруваат дека им припаѓале на осомничените.
Властите не објавија податоци за осомничените, ни за можниот мотив за нападот, кој, според полицијата, го извела „исклучително обучена и тешко вооружена група“.
Хаити и политички нестабилна и најсиромашна држава во западната хемисфера. Убиството на Моиз ја втурна земјата во нови превирања, а кризата дополнително ја закомпликува политичкиот вакуум и нејаснотијата кој би можел да ја преземе власта.