Познат холандски репортер кој работел на криминални случаи вчера бил сериозно ранет во Амстердам, соопшти полицијата. Питер Р. де Врис - новинар познат по тоа што зборуваше во име на жртвите на криминал - „се бори за својот живот“, им рече на новинарите градоначалникот на Амстердам, Фемке Халсема. Националниот радиодифузер НОС изјави дека тој бил нападнат неколку минути по појавувањето во ТВ-емисија. Медиумите објавија, цитирајќи очевидци, дека 64-годишниот новинар и ТВ-презентер бил застрелан пет пати, вклучително и еднаш во главата.
50 убиени новинари, две третини во земји кои не се во војна
Полицијата соопшти дека се уапсени три лица, меѓу нив и осомничениот стрелец, но не даде детали за можните причини за нападот. Премиерот Марк Руте на прес-конференција во Хаг рече дека нападот е „шокантен и незамислив“. „Тоа е напад врз храбар новинар и по продолжение напад врз слободата на печатот, што е толку суштинско за нашата демократија и владеење на правото“, рече тој. Во минатото на Де Вриј му беше дадена полициска заштита откако доби закани поради неговата работа на кривични случаи од висок профил како репортер. Комитетот за заштита на новинарите ги повика властите „да утврдат дали тој бил жртва на својата работа и да се осигури дека напаѓачот и организаторите на нападот ќе се соочат со правдата“.