Спасувачите ја извлекоа десеттата жртва, пет дена откако се сруши зграда од 12 ката во близина на Мајами, во американската држава Флорида.
Спасувачките служби користат кранови, кучиња и инфрацрвени снимки додека пребаруваат какви било знаци на живот меѓу урнатините, надевајќи се дека под бетонот е можно да се формирани воздушни џебови кои може да ги одржи луѓето во живот.
„Ние ќе продолжиме да работиме за да ги исцрпиме сите можни опции за пребарување“, рече градоначалничката на округот Мајами Даниела Левин Кава, пренесува Ројтерс.
Се уште се трага по 151 лице. Причината за уривањето на зградата се уште е под истрага.
Продолжува потрагата по преживеани во урната зграда во Мајами
Во инженерскиот извештај од 2018 година е откриено сериозно влошување на состојбата на бетонот во подземната гаража, како и големо оштетување на бетонската плоча под базенот.
Авторот на извештајот Френк Морабито, сугерираше дека влошувањето „експоненцијално ќе се прошири“ доколку не бидат направени поправки во блиска иднина.
Рос Прието, тогашен службеник во зградата, по извештајот се состанал со станарите и ги уверувал дека зградата „Сурфсајд“ е во „добра состојба“, наведува Ројтерс.
Во зградата „Сурфсајд“ живеат 5.700 станари.
Официјални лица велат дека зградата изградена во 1981 година, имала 130 станови, од кои 80 биле населени.
Неодамна зградата беше предмет на разни инспекции поради процесот на повторна сертификација и изградбата на соседна зграда.