Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд ја одби како неоснована жалбата на Лидија Неделкова и го потврди решението од 1 март годинава за нејзино разрешување од вршење на судиска функција. Неделкова беше судија на Врховниот суд пред да биде разрешена.
Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев, по завршувањето на седницата на која едногласно беше донесена одлуката, одговарајќи на новинарско прашање зошто е разрешена судијката Лидија Неделкова, рече дека причините се „ненавремено, немарно и несовесно извршување на нејзините работни обврски и повреда на Судскиот деловник, односно Кодексот за судиска етика“.
Разрешена врховната судијка Лидија Неделкова
Барањето за разрешување на врховната судијка Лидија Неделкова беше поднесено од поранешниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски за поведување постапка за утврдување одговорност на Неделкова како судија.
Неделкова пред да биде разрешена беше еден од тројцата кандидати за претседател на Врховен суд.