Министерството за здравство соопшти дека 6 нови случаи на Ковид-19 регистрира Институот за јавно здравје во последните 24 часа од направени 3.147 тестирања. Од нив, во Скопје тројца, двајца во Тетово и еден во Струмица. Регистрирани се четири оздравени пациенти, а нема починати лица.
ИЈЗ доби нова лабораторија која ќе биде регионален центар за тестирање
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.669, бројката на оздравени пациенти е 149.950, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 235.