Воен авион се урна во близина на вториот по големина град во Мјанмар, Мандалај, при што загинаа 12 лица, се вели во соопштението на градската противпожарна служба на социјалните мрежи.
Авионот летал од главниот град Најпидаја до градот Пиин О Лин и се урнал при слетувањето, по што паднал на околу 300 метри од фабриката за челик.
Во авионот имало шест воени лица, како и монаси кои требало да присуствуваат на церемонијата во будистички манастир, пренесува Ројтерс.
Воената хунта во Мјанмар се заканува со распуштање на партијата на Аунг Сан Су Чи
Според првичните информации нема жртви на теренот. Пилотот и еден патник преживеале и биле пренесени во воена болница. Сè уште не е јасно што ја предизвикало несреќата.
Немирите во Мјанмар се актуелни откако воениот удар ја собори избраната влада предводена од Аунг Сан Су Чи на 1 февруари, со секојдневни протести во градовите и борби во пограничните области меѓу војската и полициите на етничките малцинства.