Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лаен денеска изјави дека е потребно да се открие потеклото на корона вирусот и дека на истражителите им треба непречен пристап до страниците за да го разјаснат ова прашање.
„Од најголема важност е да се открие потеклото на корона вирусот“, рече претседателката на ЕК на прес-конференција пред самитот на Г7 во Велика Британија.
Таа истакна дека истражителите „треба да имаат целосен пристап до сè што е потребно за вистински да се утврди изворот на оваа пандемија“, објави Ројтерс.
СЗО воведува нови имиња за варијанти на коронавирусот - алфа, бета и делта
Коронавирусот и животните: не се само лилјаците
Светската здравствена организација (СЗО) спроведе истражувачка мисија во Кина, но тоа не резултираше со дефинитивен заклучок за потеклото на вирусот. Утврдено е дека хипотезата за „протекување на вирусот од лабораторијата“ е малку веројатна. Генералниот секретар на СЗО, Тедрос Гебреизус изјави дека „сите хипотези се уште се на маса“.