Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 31 мај до 06 јуни 2021, тестирани се вкупно 19.672 материјали за присуство на ковид-19, што е зголемување од 9,1 процент во однос на минатата недела. Регистрирани сe 155 нови позитивни случаи од 21 град во државата со намалување од 29,5 отсто во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Демир Хисар.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најмногу имало меѓу оние на возраст над 60. Најмал број е регистриран кај децата до 9 години и кај младите до 19 години.
Еден нов случај на заразен со ковид-19 и три починати
Во периодот од 31 мај до 6 јуни оздравеле 465 лица.
Пријавени се 13 смртни случаи од 6 града, што е 45,8 проценти помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 9 лица биле над 60 години, 3 лица на возраст од 50-59 години и едно лице од 40-49 години.
Од почетокот на вакцинацијата на 17 февруари заклучно до 6 јуни аплицирани се:
• 60.526 дози на Фајзер/БиоНТек (43.441 со прва доза и 17.085 со втора доза),
• 45.168 дози на Спутник ВЕ V (22.875 со прва доза и 22.293 со втора доза),
• 32.875 дози на АстраЗенека (32.843 со прва доза и 32 со втора доза) и
• 251.705 дози Синофарм (147.998 со прва доза и 103.707 со втора доза).
Заклучно со 06.06.2021 вакцинирани се вкупно 247.157 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19. Комплетно се вакцинирани вкупно 143.117 лица.