Поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање(УБК), Сашо Мијалков останува во притвор, откако Апелациониот суд го потврди решението на Кривичен.
Апелација го потврди решението на Кривичен за одбивање на гаранцијата на Мијалков од околу 10,8 милиони евра, со што тој останува во притвор во Затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.
Кривичниот совет во Основниот кривичен суд во Скопје на 20 мај, донесе решение, со кое ја одби понудената гаранција за Мијалков да се брани од слобода, на што тој вложи жалба пред Апелација.
Сашо Мијалков се наоѓа на издржување мерка притвор за предметот „Трезор“, каде е неправосилно осуден на 8 години затвор. Тој е неправосилно осуден и на 12 години затвор за случајот „Таргет-Тврдина“, додека на 17 јуни треба да ја слушне и пресудата за случајот „Тортура“.