Основачот на меѓународната технолошка компанија Амазон, Џеф Безос, соопшти дека следниот месец заедно со неговиот брат ќе летаат во вселената, со првиот лет на неговата компанија „Блу Ориџн“.
„Уште кога имав пет години, сонував да патувам во вселената. На 20 јули, ќе го започнам тоа патување со мојот брат. Најголемата авантура, со мојот најдобар пријател“, напиша денеска Безос во објавата на Инстаграм.
Компанијата „Блу Ориџн“ соопшти дека Џеф Безос и неговиот брат Марк ќе патуваат со првиот екипажен лет на капсулата „Њу Шепард“, кој е закажан за 20 јули.
На Безос и на неговиот брат ќе им се придружи и победникот на аукцијата која се спроведува во моментот. Компанијата спроведува аукција на која се пријавуваа заинтересирани за лет во вселената. Наддавање на аукцијата веќе достигна 2,8 милиони долари, а се пријавиле скоро 6000 луѓе од 143 земји.
Џеф Безос веќе нема да биде извршен директор на Амазон
Безос е еден од најбогатите луѓе во светот.