Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.108 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19.
„Новите случаи се регистрирани во Скопје – 15, Куманово – 5, Прилеп – 3, Тетово, Гостивар, Кавадарци, Охрид и Кичево – по 2, Битола, Струмица, Неготино и Радовиш – по 1. Регистрирани се 90 оздравени пациенти. Пријавени се вкупно 10 починати лица - 3 лица од Скопје, 2 лица од Куманово и по едно лице од Тетово, Велес, Кочани, Дебар и Крушево. Сите 10 лица се починати во болнички услови“, соопшти МЗ.
Нема да има прекин во вакцинирањето против ковид, тврди Филипче
Досега во земјата се направени вкупно 799.265 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.304, бројката на оздравени пациенти е 148.798, на починати е 5.423, а бројот на активни случаи изнесува 1.083.