Судијката Добрила Кацарска е избрана за нова претседателка на Уставниот суд.
Таа на денешниот работен состанок добила шест гласа „за“ од вкупно девет уставни судии, со што е постигнато потребното двотретинско мнозинство за избор на претседател на Уставниот суд.
Мандатот на новоизбраната претседателка на Уставниот суд, ќе започне од 2 јуни 2021 година.
„Трула“ реформска битка за правда
Кацарска на претседателското место во Уставниот суд ќе го наследи судијата Сали Мурати кој ја извршуваше таа должност од 30 октомври 2019 година.
Кацарска е родена во 1957 година во Ресен. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје во 1982 година, а правосудниот испит го положила во 1984 година.
Од 1982 до 1984 година работела како приправник во Општински суд Скопје 1, од 1984 до 1986 година како стручен соработник во Основен суд Скопје 1, а од 1986 до 2005 година била судија во Основен суд Скопје 1. Од 2005 до 2009 година била Претседател на Основниот суд Скопје 1. Од 2009 до 2018 суди во Кривичниот оддел, а потоа била распоредена во Одделението надлежно за судење на дела од областа на организираниот криминал и корупција.
За судија на Уставниот суд е избрана на 26 ноември 2020 година.
Судијката Добрила Кацарска ја изрече пресудата од 2 години затвор за поранешниот премиер Никола Груевски во случајот Тенк за набавката на владиниот Мерцедес. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ оцени дека се работи за политички прогон и почна да го користи терминот „Кацарска судство“ за да опише дека се работи за политичка пристрасност.