Уште две недели останува во сила полицискиот час, како мерка за сузбивање на ширењето на коронавирусот. Останува и мерката за носење маска на отворено, а важат и правилата за угостителските објекти кои работат само во отворениот дел. Мерките може да се олабават кога ќе има повеќе вакцинирани, порачуваат лекарите.