Во изминативе 24 часа се евидентирани нови 87 случаи на заболени со ковид-19 од вкупно 2.953 направени тестови и починати 17 пациенти од последици од коронавирусот. Од пријавените починати, две лица се починати во домашни, а останатите 15 во болнички услови. Најмладиот починат пациент имал 47 години додека најстариот имал 81 година.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 154.891, бројката на оздравени пациенти е 146.499, на починати е 5.249, а бројот на активни случаи изнесува 3.143.
На вакциналните пунктови во земјава заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 186.146 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 219.977 дози вакцини, а ревакцинирани се 33.831 граѓанин.