Израел соопшти дека во воздушните напади убиле висок палестински воен командант во Газа и уништиле тунели кои ги користеле милитантите од Хамас за ракетни напади врз израелски градови. Израелската војска наведе и дека нивните воени авиони извршиле акција на силни воздушни напади во појасот Газа денеска уништувајќи 15 километарски тунели.
Израел ги продолжува воздушните напади врз Газа
Во одделен напад е убиен Хасем Абу Харбид, командант на исламската џихадистичка милитантна група во северна Газа. Зграда на три ката во појасот Газа е сериозно оштетена, а локалното население вели дека израелската војска ги предупредила да го напуштат местото десет минути пред нападот. Најмалку тројца Палестинци се убиени во друг израелски воздушен напад врз возило. Војската соопшти дека цел на последната операција биле 35 „терористички цели“.
Тие исто така соопштија дека милитантите испукале 60 ракети врз израелските градови во текот на ноќта. Бројот на загинати достигна 200 Палестинци во Газа и 10 лица во Израел.