Сертификатот за вакцинација по примени две дози вакцина може да се подигне на вакциналниот пункт или од матичен лекар. Сертификатите се бесплатни за сите граѓани, ни одговорија од Министерство за здравство. Матичните лекари, пак, велат дека издавањето сертификати им е дополнителна обврска и дека тие треба да издават документ за нешто што не го сработиле.