Во последните 24 часа се направени 1.993 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на КОВИД-19. Најголем број случаи се во Скопје – 74, а потоа следуваат Куманово – 11, Битола – 7, Виница – 6, Прилеп , Тетово и Струмица – по 5, Охрид и Пробиштип – по 3, Велес, Штип, Кичево, Ресен и Радовиш – по 2 ,Кавадраци, Струга, Кочани, Свети Николе, Крива Паланка и Крушево – по 1.
Во изминатото деноноќие регистрирани се 298 оздравени пациенти, а пријавени се 14 починати лица. Сите починале во болнички услови.
Намален бројот на пациенти во ковид-центрите
Досега во земјата се направени вкупно 740.005 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.026, бројката на оздравени пациенти е 137.962, на починати е 5.093, а бројот на активни случаи изнесува 10.971.