Канадското Министерство за здравство денеска соопшти дека ќе дозволи примена на вакцината против коронавирус од производителот Фајзер/БиоНТек за деца над 12 години.
Канада со тоа стана првата држава која ја одобри употребата на вакцината за таа старосна група.
Бионтек работи на вакцина која може подолго да се чува и на повисоки температури
Министерството заклучи дека вакцината е „сигурна и ефикасна“ во превенција на коронавирусот кај деца од 12 до 15 години и оти одлуката е донесена по „ригорозен и независен преглед на научните докази“.
Канадските власти претходно одобрија употреба на вакцината за постари од 16 години.