Претседателката на Европската комисија Урсула вон дер Лајен денеска соопшти дека четвртина од жителите на земјите членки на Европската унија досега примиле една доза од вакцината против коронавирусот.
“Вакцинацијата се забрзува низ ЕУ, само што надминавме бројка од 150 милиони вакцинирани. Една четвртина од Европејците ја добија првата доза. Имаме доволно дози за вакцинирање на 70 отсто од возрасните во ЕУ до јули“, напиша вон дер Лајен на својот профил на социјалната мрежа Твитер.
EK предлага поблаги рестрикции за патувања за вакцинираните
По бавниот почеток на вакцинацијата Европската унија го забрза процесот на дистрибуција и вакцинација во последните недели.