Американската амбасада во Москва соопшти дека ќе ги намали конзуларните активности поради рестрикциите кои Русија ги воспостави а поврзани со ангажирање на локален кадар за работа во амбасадата. Амбасадата соопшти дека намалувањето на работите што ќе ги извршува ќе почне од 12 мај.
"Редукцијата е неопходна поради известувањето на руската влада од 23 април за нејзината намера да и забрани на мисијата на САД во Русија да вработува странски државјани во кое било својство. Поради ова ќе престане обработката на неимигрантските визи за недипломатските патувања“, соопштија од амбасадата.
Претседателот Владимир Путин минатата недела го потпиша законот со кој се ограничува бројот на локални вработени во странските мисии и други агенции и и се наредува на руската влада да направи список на непријателски држави кои ќе бидат цел на рестрикциите.
Лавров: односите меѓу Русија и САД се полоши отколку за време на Студената војна
Вашингтон и Москва влегоа во нова фаза на зголемени тензии откако Белата куќа соопшти дека воведува санкции за сајбер нападите, мешањето во изборите и заканите кон американските војници во Авганистан.