Американскиот Сенат го потврди назначувањето на Саманта Пауер на позицијата директор на Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД), а неколку републиканци им се придружија на демократите во поддршката на кандидатот на претседателот Џо Бајден.
Изборот на Пауер беше потврден со 68 гласа „за“ и 26 „против“. Пауер беше амбасадор во ООН за време на администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама.
Бајден со визија за иднината на Америка и светот
Како што информираат медиумите, покрај раководењето со УСАИД, таа ќе има место и во Советот за национална безбедност на Белата куќа.