Шефот на авганистанскиот национален директорат за безбедност Ахмад Зија Сарај изјави дека во затворите во Авганистан има 408 припадници на Исламската држава од 14 земји. Тој посочи и дека во тек се разговори со земјите за изнаоѓање решение без да прецизира што тоа значи. Зија Сарај ја повика меѓународната заедница да не го остава Авганистан сам во борбата против тероризмот.
Според него, огромното мнозинство на членови на Исламската држава, односно 299 од 408 лица се од Пакистан. Втор најголем број затвореници кои се чуваат во Авганистан и се членови на Исламска држава се од Узбекистан, односно 37, потоа 16 од Кина е 16, 13 од Таџикистан и 12 од Киргистан.
Зија Сарај рече дека бројот на руски државјани меѓу затворениците идентификувани како членови на Исламска држава е пет.
Другите членови на милитантната група Исламската држава во авганистанските затвори се од Јордан, Иран, Турција, Индонезија, Бангладеш, Индија, Алжир и Малдиви. Секоја од тие земји има помалку од 10 државјани во авганистанските затвори.