Премиерот Зоран Заев ја потврди својата намера за разрешување на директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски кој отворено одби да прифати во неговата институција да бидат прераспределени 35 рамковни административци и најави дека тоа ќе го потврди на утрешната владина седница. Сепак додаде дека останува отворена можноста да биде премислен директно на седницата на Владата.
„Одлуката ќе биде донесена според јавните прописи, но нема да дозволам непочитување на законите иако Пауновски е мој пријател. Ќе ги слушнеме и сите аргументи вклучително и вработените во Државниот пазарен инспекторат и ќе биде донесена одлуката на Владата“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес конференција за дигитализација на судството.
Инспекторите бараат прием кај Заев по најавата за разрешување на Пауновски
Тој депак додаде дека претходно ќе се сретне со претставниците на вработените во Државниот пазарен инспекторат и ќе ја прими нивната петицијата во која тие застануваат за Пауновски. Заев смета оти Пауновски не постапувал според законот и етичкиот кодекс.
„Пауновски е информиран за програмата К-5 со која се распределуваат административците, но тој не го сторил тоа што го барала Владата во одлуката, односно не ги усогласил актите за да можат да се прераспределат административците. Владата ќе постапи според законот,“ изјави премиерот Заев.
Тој сепак додаде дека постои отворена можност и за промена на ставот по средбата со инспекторите и седницата на владата ако за тоа постојат аргументи.