Во атмосфера полна со меѓусебни реплики и препирки помина денешната прес конференција во Анкара на министрите за надворешни работи на Турција и на Грција Мевлут Чавушоглу и Никос Дендиас. По завршувањето на оваа прва средба годинава на двајцата балкански министри тие почнаа да си реплицираат за отворените прашања меѓу нив.
Прес конференцијата доби невообичаен тек, откако по завршувањето на изјавата на Дендиас, наместо да заминат на предвидената работна вечера, Чавушоглу зеде збор, велејќи дека тој во неговиот говор немал ништо провокативно или негативно за Грција и затоа морал да одговори, паралелно обвинувајќи го неговиот грчки колега за „провокативни изјави“.
Чавушоглу и Дендиас си реплицираа за меѓусебните акции во Егејското море, мигрансткото прашање, турското малцинство во Грција, меѓународното право, демилитаризација на грчките острови.
„Ако продолжиме вака ќе го испуштиме Ифтар“, рече Чавушоглу, на што Дендиас реплицираше дека се надева оти нивните несогласувања не го натерале турскиот колега да ја откажеш поканата за вечера, бидејќи многу бил гладен.