Вакцинацијата против коронавирус во Албанија продолжува со несмалена динамика и до сега имунизирани се 250.676 лица, објави министерката за здравство Огерта Манастирлиу преку видеозапис на Фејсбук.
Меѓудругото таа споменува бројка колку вкупно постари лица се вакцинирани и ветува дека во текот на месец мај се очекува имунизација на вкупно 500 илјади лица со што „ќе се создаде можност за полесна туристичка сезона“.
Во меѓувреме во земјата овој месец бројот на новозразени бележи голем пад. Во просек дневно се регистрираат по околу 300 нови случаи, наспроти минатиот месец кога бројката беше над 1.200.