Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.000 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
Како што соопшти Министерството за здравство, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.687 и има околу 340 празни болнички кревети во ковид центрите.
Вакцинирани над 18 000 граѓани, идната недела завршува вакцинацијата на „критичната инфраструктура“
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 73 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Од Министерството за здравство напоменуваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.