Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска информираше дека приходната страна на буџетот има раст од 4,4 проценти во споредба со првиот квартал од 2020 година, кога се уште не можел да се забележи ефектот од пандемијата врз економијата.
„Даночните приходи покажуваат раст од 5 проценти во однос на истиот период од минатата година. Даноците се наплатени во износ од 27,8 милијарди денари или се за 6,2 повисоки во однос на првиот квартал од 2020. Одделно, ДДВ-то наплатува 13,1 милијарда денари и е повисоко за 11,4 проценти. Данокот на добивка има наплата од 3,1 милијарда денари и зголемување од 5 проценти“, изјави вели министерот Бесими.
Бесими информираше дека увозните давачки бележат раст од 10,4 проценти или 1,1 милијарда денари наплата, додека за персоналниот данок зголемувањето е за 0,8 проценти со наплата од 4,4 милијарди денари. Тој додаде дека придонесите се наплатени во 16,3 милијарди денари или раст од 3,3 во однос на првиот квартал од минатата година.