Во последните 24 часа забележани се 1.376 новозаразени со корона вирусот во Хрватска, а починаа 33 лица или вкупно 6.058 досега.
Во оваа земја бројот на активни случаи е 13.432 од кои 1.511 пациенти се на болничко лекување, а 158 на респиратор.
Од почетокот на епидемијата во Хрватска од Ковид-19 заболеле 280.026 лица, до денеска тестирани се 1.582.500, од кои 6.850 во последните 24 часа.
Досега вакцинирани се 425.971 лица.