Министерството за здравство соопшти дека 1684 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава, а има околу 230 празни болнички кревети во ковид центрите
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 999 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 103 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 685 лица сомнителни и потврдени за ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, информираат од Министерството, дополнувајќи дека има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
Рекорден број на 50 починати од ковид, нови 1320 случаи
Вчера во Македонија имаше 50 починати пациенти од корона вирусот.