Новата словачка влада, предводена од Едуард Хегер (44), денеска положи заклетва, со што се става крај на политичката криза околу одлуката на поранешниот премиер да купи руски вакцини Спутник В. Игор Матовиќ поднесе оставка во вторникот по жестоките критики од владејачката коалиција за целокупното управување со пандемијата, која силно ја погоди Словачка.
"Луѓето очекуваат акција и резултати од нас. Имаме многу да сториме", рече Едуард Хегер по церемонијата.
Словачката влада поднесе оставка поради набавката на руска вакцина
Словачката претседателка Зузана Чапутова оцени дека новата влада треба „да ја врати довербата на граѓаните“. Матовиќ останува во владата како министер за финансии, каде што досега беше Хегер, додека нов министер за здравство е Владимир Ленгварски, директор на главната воена болница.
Здравствената состојба во Словачка во последните денови е малку подобрена. Земјата, која со недели беше на прво место во светот според бројот на смртни случаи по глава на жител поради коронавирус, во последните две недели е на седмото место со просек од 17,97 смртни случаи на 100 000 жители, според агенцијата Франс прес, пренесува Бета .