Најмалку 43 деца се убиени по февруарскиот воен удар во Мјанмар, објави организацијата „Спасете ги децата“ и се додава дека најмладата позната жртва имала само седум години, пренесува Би-Би-Си.
Локалната група за набудување наведува дека вкупниот број на мртви е 536.
На Мјанмар му се заканува голема граѓанска војна
Претставникот на ООН во Мјанмар предупреди на ризик од „непосредно крвопролевање“, а предупредувањето следува по ескалацијата на борбите меѓу армијата и милициите на етничките малцинства во пограничните области.
НВО: Во Мјанмар убиени над 500 цивили
Немирите во Мјанмар започнаа пред два месеци, кога војската ја презеде контролата врз земјата по изборите на Националната лига за демократија Аунг Сан Су Ки, НЛД.