Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина денешната 38. собраниска седница, за чие продолжение рече дека пратениците ќе бидат дополнително информирани.
Тој рече дека продолжението на седницата ќе зависи од работата на собраниските комисии за европски прашања и за политички систем и односи меѓу заедниците - матични комисии за двете точки кои се на дневе ред на седницата.
Собранието ќе го одложува пописот, попишувачите не излегоа на терен
Инаку, двете точки на дневниот ред на седицата се одложување на пописот што би се одржал од 5 до 30 септември, како и измена на Изборниот законик со кој се предвидува употреба на терминали за отчитување на отисок од прсти на локалните избори, што исто така ќе бидат одложени за втората половина на октомври.
Двете точки се на дневен ред на седницата по скратена постапка.
Пратениците претпладнево гласаа за потребата од донесување на измените на Законот за попис и за измените на Изборниот законик, чии предлагачи се претставници од сите пратенички групи во Собранието.