Рекорден број на 1.511 нови случаи на ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа, а направени се 4.445 тестирања, соопшти Министерството за здравство.
Ова е највисока бројка на регистрирани позитивни на ковид-19, од почетокот на пандемијата. Пријавени се вкупно 32 починати лица. Триесет пациенти се починати во болнички услови, а двајца во домашни услови. Меѓу починатите се и две родилки на ворзаст од 32 и 33 години.
Регистрирани се 587 оздравени пациенти.
Вакцинацијата почна
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 130.022, бројката на оздравени пациенти е 106.979, на починати е 3.781, а бројот на активни случаи изнесува 19.262.