За попишувачите кои ќе бидат ангажирани во спроведување на пописот, има план да се обезбедат приоритетни вакцини, а списокот за нив треба да го направи Државниот завод за статистика и да го достави во Министерството за здравство, информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Филипче: Во среда почнува вакцинација, прва доза за 20.000 граѓани
„Направивме план попишувачите да влезат во приоритетните групи. Државниот завод за статистика зеде обврска да прати список за попишувачи кои сакаат да се вакцинираат од тие 5050 кои се веќе пријавени да бидат попишувачи и тој список го очекуваме во текот на денот“, изјави Филипче, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција на за стартот на вакцинацијата против ковид-19 која почнува в среда во СЦ Борис Трајковски во Скопје со 24.000 вакцини АстраЗенека кои вчера пристигнаа во Македонија преку механизмот КОВАКС.
Пет клучни точки на средбата Заев - Мицкоски
Филипче додаде дека „пописот е битен процес за земјата, а за одложувањето нека биде тоа политичка одлука“. Тој доплни дека „од стручен аспект гледано, треба период од две недели за да се развие имунитет кај вакцинираните“.