Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се нарекува демократска партија, а на изборите се гласа за еден кандидат

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска соопштија дека со денешните внатрепартиски избори во СДСМ севернокорејската демократија, како што наведува опозициската парија, се повеќе и повеќе продира во Македонија.


„Никој во СДСМ не смееше да се спротивстави на единствениот кандидат на изборите, Зоран Заев. Затоа 69-те илјади гласачи на СДСМ денес на гласачкото ливче имаат едно име кое мора да го заокружат. Ако не го заокружат, веројатно им следи службена белешка од партиското обвинителство и суд и престој на современиот Голи Оток. Како во најдобрите времиња на комунизмот и тоталитаризмот, партијата која се нарекува демократска одржува избори на кои се гласа за само еден кандидат. Онака како што СДСМ ја гледа демократијата во својата партија, така ја гледа и во државата. Затоа не ја води Македонија кон ЕУ, туку ја води кон Северна Кореја“ наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.


Според опозициската партија, по ист принцип Зоран Заев ја води и Владата. Како симбол на обидот за воведување севернокорејска диктатура во Македонија, како што истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ, пред Владата оставија уметничко дело наречено „Споменик на лудилото“, кое треба да ги потсети и сите кои денес го гласаат единствениот кандидат, но и сите кои некогаш му верувале на овој човек, за каков човек се работи и какви вредности промовира и пропагира.



Внатрепартиски избори во СДСМ, Заев единствен кандидат


Од Централната изборна комисија на СДСМ информираа дека од активно регистрираните  68.999 запишани членови во избирачкиот список до 12 часот своето право го искористиле и гласале 32.198 членови на партијата. Излезноста е 46 отсто. Заев е единствениот кандидат за лидер на партијата, а се гласа „за“ или „против“ негов избор.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus