Премиерот Зоран Заев во интервју за електронското издание на словенечкиот весник „Дело“ изјави дека Северна Македонија заслужила да добие поддршка на следниот чекор на патот кон ЕУ. Тој изразува верување дека како земја членка на ЕУ, која недвосмислено ја реафирмирала својата определба за проширување со земјите од Западен Балкан, Словенија ќе направи се што треба ЕУ да не ги изгуби европските вредности и принципи и ќе продолжи да ја испраќа кон земјите кандидати пораката за поддршка за членство.
„Точно е дека со неодобрувањето на преговарачката рамка Северна Македонија губи драгоцено време, но сметам дека единствената исправна европска реакција е да се засилат барањата за да се почитуваат европските вредности и мислам дека Словенија ќе го заземе овој став за време на претседавањето со ЕУ и дека тоа ќе биде од огромен придонес за нов импулс во процесот за проширување на Унијата“, вели Заев во интервјуто.
Османи: Одложување на преговорите со ЕУ сериозна геостратешка грешка
Според него, очекувањата на земјата и на целиот Западен Балкан се дека за време на словенечкото претседателство, треба да има видлив исчекор за Северна Македонија и за регионот кон ЕУ.
Словенија од 1 јули до крајот на годината го презема претседавањето со ЕУ. Земјата претседаваше со Унијата и во 2008 година.