Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 55 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерството за здравство. Од таму додаваат дека вкупно 428 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 36 приеми, а дома се пуштени 19 оздравени пациенти. Во моментов во Ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 192 пациенти. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, информираат од министерството.
Нови 1031 случај на ковид 19, починале 20 лица
Од таму потсетуваат дека бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово имало 50 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.