Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во последните 24 часа се направени 3654 тестирања, а регистрирани се 868 нови случаи на ковид-19, од кои најмногу во Скопје – 424, Прилеп – 72, Куманово – 42, Битола – 34, Охрид – 31, Тетово – 28, Кавадарци – 27, и Неготино – 26...
„Регистрирани се 397 оздравени пациенти. Пријавени се вкупно 15 починати лица. Починати се 5 пациенти од Скопје, по два пациенти од Тетово и Охрид и по еден1 пациент од Прилеп, Куманово, Штип, Кавадарци, Битола и Неготино. Сите пациенти се починати во болнички услови“, соопшти МЗ.
За 24 часа 28 нови пациенти примени во скопските ковид центри
Досега во Македонија се направени вкупно 559.021 тестирања за ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 111.077, бројката на оздравени пациенти е 96.925, на починати е 3.280, а бројот на активни случаи изнесува 10.872.